foto

НАШАТА ПРИКАЗНА

Семенарство е фирма која потекнува од 1979 година и за цело време се занимава со дистрибуција и продажба на семенски материјали. Составена од одличен тим кој брои 10 вработени, меѓу кои еден Магистар на Земјоделски Науки, еден Магистрант на Земјоделски Науки, четири Агроном Инжињери.


ФАКТИ ЗА НАС

  • Временскиот интервал од нарачка до испорака се движи од 1 до 20 часа во зависност од локацијата за испорака;
  • Продуктите што Семенарство - промет ги продава се подобри од останатите понудени на пазарот поради тоа што увезуваме и дистрибуираме хибриди и сорти со докажан квалитет. Истите се селектирани и наменети за одгледување во нашите климатски услови и со наши технологии на одгледување;
  • Секој земјоделец треба да купи од Семенарство - промет затоа што фирмите кои го застапуваме се со највисок светски рејтинг, докажано во целиот свет;
  • Семето што го продава Семенарство - промет ги содржи сите можни сертификати за квалитет;
  • Семенарство - промет врши продажба и дистрибуција на скоро сите земјоделски аптеки, оранжерии и индивидуални земјоделци и цвеќари.

ДЕЈНОСТИ

  • Производство, доработка и промет на семенски материјали (семе за пченица, јачмен, просо и сточен грашок преку договор со одредени фирми);
  • Доработува семе за јачмен, просо и сточен грашок;
  • Продава семе за фуражни растенија, градинарство, ѓубрива, пп везиво, саксии, субстарати, тревни смески, семе за цвеќе и пропратни земјоделски репроматеријали;
  • Врши доработка на житни и градинарски култури во магацините во Маџари - Скопје и Свети Николе;
  • Дистрибуира свои производи во земјоделските аптеки низ Македонија и врши продажба преку дисконти во Скопје и Струмица (продажба се врши во преку 150 земјоделски аптеки ширум Македонија).

ПАРТНЕРИ

  • SAKATA - Франција, увоз на хибридно семе за градинарски култури
  • POLJOPRIVREDNI INSTITUT OSIJEK - Хрватска, хибриди пченка и основно семе пченица, јачмен и столен грашок
  • TOP HARVEST - Холандија, увоз на семе од градинарски култури
  • SAKATA - Данска, увоз на хибридно семе за свеќе
  • GOLDSMIT - Америка, исто така увоз на хибридно семе за цвеќе
  • BIOPRODUKT CACAK - Србија, увоз на семе за градинарски култури и тревни смески
  • TERRACULT - Германија, тресет
  • AGRO CS - Словачка, тресет
  • GREEN HAS - Италија, кристални и течни ѓубрива
  • SOYLU IPLIK - Турција, пп везиво
  • FORMPLAST - Грција, саксии